
Генералниот секретар на ITUC со писмо до Мицкоски: Загриженост за притисоците врз синдикатите
Според ССМ, „десетина илјади работници“ учествувале на протестот, при што, како што наведуваат, покажале дека не потпаѓаат под притисоци, закани и уцени во нивната борба за повисоки плати.
Според ССМ, „десетина илјади работници“ учествувале на протестот, при што, како што наведуваат, покажале дека не потпаѓаат под притисоци, закани и уцени во нивната борба за повисоки плати.
Од синдикатот велат дека наместо да се преземат мерки за зголемување на минималната плата, притисокот врз работниците се зголемува со цел тие да се откажат од своите барања.
„Работниците не се сами во борбата за зголемување на нивните плати“, наведуваат од ССМ, додавајќи дека покрај домашната поддршка од синдикатот, пристигнала и меѓународна солидарност.
Писмо од генералниот секретар на ITUC

Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати, Лук Триангл, испратил писмо до ССМ, но и до Владата и Собранието, во кое изразува загриженост поради, како што се наведува, извештаи за кампањи насочени кон дискредитирање на синдикатите.
„Ви пишувам во име на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), која претставува 191 милион работници во националните синдикални централи во 169 земји, вклучително и во Северна Македонија, за да ја изразам нашата сериозна загриженост во врска со неодамнешните извештаи за кампањи насочени кон клеветење и нарушување на угледот на синдикатите“, се наведува во дел од писмото.
Во писмото се изразува и загриженост поради информации за, како што се наведува, незаконски надзор врз синдикални лидери и членовите на нивните семејства, што, според ITUC, може да претставува мешање во правото на работниците да се здружуваат и организираат.
Од ССМ информираат дека е најавена и посета на генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл, на Македонија, како дел од поддршката на меѓународното синдикално движење за борбата на работниците за повисоки плати и подобри работнички права
извор инфомах мк