
По која цена за барел нафта ќе се пресметува утрешната цена на горивата во Македонија, дополнителен фактор е јакнењето на доларот
Во понеделник, 16 март, се очекува нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени. Засега важи ценовникот што стапи на сила на 10 март, според кој Еуросупер БС-95 се продава по 79,5 денари за литар, БС-98 по 81,5 денари, Еуродизелот по 85,5 денари, а екстра лесното масло по 82,5 денари.
Цените на нафтата вчера пораснаа на глобалните пазари, продолжувајќи го трендот на раст што е присутен на енергетските берзи во последните денови.
Пазарите реагираа на зголемената побарувачка и неизвесностите во врска со снабдувањето со енергија.
Цената на барел сурова нафта WTI на берзата Nymex забележа значителен скок. Барелот се зголеми за 3,11 проценти и достигна цена од 98,71 американски долари.
Овој раст претставува еден од најголемите дневни скокови во последниот период. Аналитичарите предупредуваат дека континуираните зголемувања на цените би можеле дополнително да ги зголемат трошоците за транспорт и производство низ целиот свет.
Доколку овој тренд продолжи, потрошувачите би можеле да доживеат повисоки цени на горивото и другите производи што зависат од цените на нафтата во наредниот период, објавува „APA-Economics“.
Во понеделник, 16 март, се очекува нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени. Засега важи ценовникот што стапи на сила на 10 март, според кој Еуросупер БС-95 се продава по 79,5 денари за литар, БС-98 по 81,5 денари, Еуродизелот по 85,5 денари, а екстра лесното масло по 82,5 денари.
Дополнителен притисок врз домашниот ценовник доаѓа од светските пазари. Нафтата минатата недела повторно се искачи над 100 долари за барел.
Дополнителен фактор за пресметка на цената на горивата е и вредноста на американскиот долар. На глобалните пазари, доларот зајакна во однос на кошничката валути минатата недела, втора недела по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток ги поттикна инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за капиталот.
Доларот зајакна во однос на европската валута за 1,7 проценти, па курсот на еврото се лизна на 1,1415 долари. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,2 проценти, па цената на доларот достигна 159,70 јени.