Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно во Паркот на Револуцијата.

Велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата во Кочани ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот.

Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно во Паркот на Револуцијата.

Пријавени се околу 500 учесници – велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин ќе оддадат почит и ќе испратат порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Пред почетокот на велосипедската тура, присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.

Настанот е дел од повеќедневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар.