ССМ: Партиите делат 10 милиони евра за една година, да не нѐ лажат дека Буџетот нема пари за зголемување на минимална плата

Партиите делат 10 милиони евра за една година, да не нѐ лажат дека Буџетот нема пари за зголемување на минимална плата, порачаа од ССМ на протестот пред Влада за повисоки плати и зголемување на минималната од 400 на 600 евра.

Партиите делат 10 милиони евра за една година, да не нѐ лажат дека Буџетот нема пари за зголемување на минимална плата, порачаа од ССМ на протестот пред Влада за повисоки плати и зголемување на минималната од 400 на 600 евра.

„За сто гласа на парламентарни избори една политичка партија добива 70.000 евра четири години до наредни парламентарни избори, за 2025 година сите политички партии ќе поделат 8 до 10 милиони евра наши пари. Да не нѐ лажат дека Буџетот нема пари за зголемување на минимална плата, ако земеме ние повисоки плати, ќе има и пари за државата, младите, пензионерите. Доста ни е лажење, дојдовме по нашите пари што ги заработуваме со крв – порачаа од ССМ денес на протестот пред Владата за повисоки работнички плати.

Од Синдикатот за култура му порачаа на Министерот да работи на зголемување на платите, на подобрување на работничките плати, додека присутните со аплауз ги поздравија полицајците, за кои нагласија дека и тие немаат зголемена плата.

„Да порачам на Владата дека не треба да се плаши од народот, од работниците, ова е работнички протест организиран од работниците за работниците, никој тука нема политички амбиции, се бори за зголемување на рбаотничките плати, порача Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Трендафилов додаде дека имало закани кон работници за да не се протестира за зголемување на платата.

Извор: Фокус