Иран ќе дозволи поминување на танкери низ Ормускиот теснец, само ако платат со кинески јуани

Иран разгледува можност да дозволи поминување на ограничен број нафтени танкери низ Ормускиот теснец, под услов трговијата со нафта да се одвива во кинески јуани, открил висок ирански функционер за CNN.

Изворот додал дека ова е дел од нов план со кој Исламската Република сака да го контролира протокот на танкерите низ теснецот.

Поради тензиите околу Ормускиот теснец, кој е клучна артерија за светското снабдување со енергенси, цените на нафтата се искачија на највисоко ниво од јули 2022 година, односно од летото по руската инвазија врз Украина.