
Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги повика САД и Израел да обезбедат „убедлив“ патоказ за тоа како планираат да ја завршат војната со Иран, пренесе ДПА.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги повика САД и Израел да обезбедат „убедлив“ патоказ за тоа како планираат да ја завршат војната со Иран, пренесе ДПА.
-Со секој изминат ден се појавуваат повеќе прашања отколку што се даваат одговори – рече Мерц на маргините на вежбата на НАТО во Норвешка, која ја набљудуваше заедно со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и канадскиот премиер Марк Карни.
Според него, потребен е убедлив план.
-Потребна е стратегија за приведување на оваа војна кон крајот. Немаме интерес за бескрајна војна. Распадот на територијалниот интегритет, државноста и економската одржливост на Иран би имал сериозни последици и за нас. Затоа сега ни е потребна визија за мировен поредок – нагласи тој.