
Турција и донирала на Албанија 50 дронови камикази
Според податоците објавени во меѓународната база на податоци SIPRI Arms Transfers, Албанија добила 50 камикази дронови YIHA-III, произведени од турската одбранбена индустрија.
Според податоците објавени во меѓународната база на податоци SIPRI Arms Transfers, Албанија добила 50 камикази дронови YIHA-III, произведени од турската одбранбена индустрија.
-Во оваа база на податоци, овие дронови се класифицирани како „loitering munition“, вид муниција што може да остане во воздух долго време, а потоа прецизно да ја погоди целта. Системот е дизајниран за прецизни напади врз радари, системи за воздушна одбрана и стратешки цели. Камикази дроновите се во воздухопловната база во Кучово, објавија албанските медиуми.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјавил дека овие дронови се подарок од Турција, во рамки на стратешката соработка меѓу двете земји.
Од Министертвото за одбрана изјавиле дека зајакнувањето на воените капацитети на Албанија има за цел да ја зголеми безбедноста и придонесот кон НАТО, а не да ги загрози соседните земји.
Според истата база на податоци, Албанија продолжува да ја модернизира својата армија со друга опрема. Планот вклучува и купување на 20 оклопни возила LMV-2, произведени од италијанската компанија Iveco Defense Vehicles, кои се регистрирани со година на нарачка 2025 година, додека нивната испорака се очекува да се случи во иднина.