Трендафилов: Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите

Сојузот на синдикатите на Македонија утре, 14 март 2026 година (сабота), ќе ја предводи протестната поворка на македонските работници која ќе започне пред Домот на синдикатите.

Сојузот на синдикатите на Македонија утре, 14 март 2026 година (сабота), ќе ја предводи протестната поворка на македонските работници која ќе започне пред Домот на синдикатите.

Главното барање на работниците е зголемување на платите.

Од ССМ велат дека работодавците и Владата ги игнорираат нивните барања, што, според нив, резултира со сè поизразен работнички револт.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, утрово порача:

„Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите!“