(ВИДЕО) Трилинг: Воен конфликт- можна ли е нафтена и енергетска криза?

➡Во новото издание на „Трилинг“ интервју со Слободан Поповски машински инженер кој работел на гасоводните и нафтоводни линии во сега воените подрачја на Блискиот Исток. Со Поповски разговараме за цената и снабдувањето со нафта, импликациите од кризата, гасификацијата на Македонија и најавата за влез на „Казанчи Холдинг“, турска инвестиција која би градела три когенеративни гасни централи. ➡Синдикатот на културата и министерот Љутков во клинч - кој манипулира, а кој ја говори вистината за платите и колективниот договор на вработените во културата, разговор со претседателката на Синдикатот на културата Вера Атанасовска. ➡Една година по кочанската трагедија, гостинка во Трилинг, Сузана Тунев Пауновска од Црвен Крст.

Во новото издание на „Трилинг“ интервју со Слободан Поповски машински инженер кој работел на гасоводните и нафтоводни линии во сега воените подрачја на Блискиот Исток. Со Поповски разговараме за цената и снабдувањето со нафта, импликациите од кризата, гасификацијата на Македонија и најавата за влез на „Казанџи Холдинг“, турска инвестиција која би градела три когенеративни гасни централи.

Синдикатот на културата и министерот Љутков во клинч – кој манипулира, а кој ја говори вистината за платите и колективниот договор на вработените во културата, разговор со претседателката на Синдикатот на културата Вера Атанасовска.

Една година по кочанската трагедија, гостинка во Трилинг, Сузана Тунев Пауновска од Црвен Крст.

„Големите производители на нафта, а и на гас, што се наоѓаат во тој регион, имаат огромни капацитети чиешто производство така лесно не може да запре.

-Дневно се трошат околу 100-110 милиони барели, и сега вие велите ги употребуваме резервите од 400 милиони барели. Колку дена би ви обезбедило тоа?

-Поведени од паниката којашто се создаде, македонските граѓани придонесоа да цената на горивото биде повисока. Како? Одеднаш се создадоа редици пред бензинските пумпи и сите беспотребно ги наполнија резервоарите“, вели во магазинот „Трилинг“, Слободан Поповски, специјалист за нафта и гас.

Прашан што би бил ќарот на „Казанџи Холдинг“, а што би бил бенефитот, Поповски вели дека Македонија ќе добие доволна количина на природен гас како ресурс, за да може на долгорочно ниво да постигне стабилни и предвидливи цени.

„Така може да се очекува да имаме фиксна и пониска цена од сегашната“, додава Поповски.

„Ако немаме култура не можеме да опстоиме како нација. Не можеме да опстоиме како држава и културата придонесува нешто за човекот. Денес не можам да кажам дека платата ми е мизерна“, вели Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура.

„Многу страдања имаме видено и лично јас како одговорна во тој дел, меѓутоа ова мене исто лично многу ме и прв пат имав исто така потреба од разговор со психолози“, вели Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.