Фрчкоски: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски денеска соопшти дека Антикорупцискиот тим на неговата партија ги открива бизнис-шемите на премиерот Христијан Мицкоски и нивната поврзаност. Фрчкоски денеска објави дел од, како што вели, релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја.

„15 дена постојано го прашуваме Мицкоски: кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во Србија?
Нема одговор. Мицкоски молчи. Зошто? Денеска ќе откриеме еден сегмент.
Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја и енергетиката. Душан Адамовиќ, почесен конзул во соседна Србија назначен од владата на Мицкоски, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО – е директно поврзан со две компании.
Адамовиќ е директор на фирмата WBA TEAM ENERGY, регистрирана во 2023 година, и директор на фирмата WBA ENERGY ДОО, регистрирана на иста адреса.
Сопственик на овие фирми е офшор компанија од Кипар – EVELIXON TRADING LIMITED, која се врзува и со трговија со струја.
Што е заедничко за оваа компании? Бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја – омилениот бизнис на Мицкоски“, кажа Фрчкоски на прес-конференција во СДСМ.
Членот на опозициската партија тврди дека во следните денови што следуваат ќе објават и поширока мрежа.
„Дали постои поврзаност со Сања Божиновска и на кој начин? До каде води оваа мрежа на бизниси во енергетиката? Нека видат граѓаните. Бидејќи за Мицкоски сè е бизнис“, рече Фрчкоски.