
Утре на 48 часа се затвора обиколницата кај Солун заради градежни работи
Сообраќајната полиција во Солун најави целосен прекин на сообраќајот во двата правци на источната внатрешна обиколница во траење од 48 часа, поради градежни активности.
Сообраќајната полиција во Солун најави целосен прекин на сообраќајот во двата правци на источната внатрешна обиколница во траење од 48 часа, поради градежни активности.
Според информациите од грчките власти, сообраќајот ќе биде затворен од петок, 13 март во 23 часот, до недела, 15 март во 23 часот.
Прекинот ќе се однесува на делницата меѓу клучките К7 (Ептапирхио) и К8 (Тријандрија).
Причината за затворањето е рушењето на мостот „Агиос Павлос“, кое е дел од големиот инфраструктурен проект Flyover што се реализира во Солун.
Во текот на овие два дена сообраќајот ќе биде пренасочуван низ градските улици, па властите очекуваат зголемен метеж.
Од сообраќајната полиција апелираат до возачите да избегнуваат непотребно движење по оваа делница, да ги следат поставените сообраќајни знаци и упатствата од службите на терен, објавија во групата Грција инфо.