Мелони: Италија не се приклучува кон Комитетот за мир во Газа
Италија не се приклучува кон Комитетот за мир во Газа на претседателот на САД, Доналд Трамп, но придонесува во дискусијата на таа тема, изјави италијанскиот премиер Џорџа Мелони за време на денешниот говор за кризата на Блискиот Исток во Долниот дом на италијанскиот парламент.

„Одлучивме да не се приклучиме кон Комитетот за мир во Појасот Газа, но не гледам зошто да не придонесеме во дискусијата за прашањето што нè интересира“, рече Мелони, според агенцијата АНСА.
Таа истакна дека не ги разбира „сите оние кои не ја гледаат важноста на нивното учество во дискусиите на таа тема“.