Макрон изјави дека „нема потврда“ за ирански мини во Ормускиот Теснец
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема „никаква потврда“ дека Иран поставува морски мини во Ормускиот теснец, по извештаите дека Техеран го минира клучниот воден пат кој е практично затворен поради војната на Блискиот Исток.

Немам потврда за ова, ниту од партнерските служби, ниту од нашите сопствени служби – рече Макрон по видео-повикот со лидерите на Г7.
САД вчера соопштија дека уништиле ирански бродови за поставување мини во близина на стратешкиот воден пат преку кој поминува една петтина од светската нафта.
Макрон додаде дека воените капацитети на Иран се ослабени, но не се „сведени на нула“ во американските и израелските напади врз Исламската Република.
– Веќе е нанесена значителна штета на иранските воени балистички капацитети, но тој продолжува да напаѓа неколку земји во регионот, и затоа неговите капацитети не се сведени на нула – рече тој.
Макрон додаде дека му остава на американскиот претседател Доналд Трамп да ги „разјасни и неговите крајни цели и темпото што сака да го постави за операциите“ почнати со Израел на 28 февруари.