
Иран најави жестоки контранапади: „Тие ќе станат легитимни цели“
Заканата доаѓа кратко откако Централната команда на американската војска (CENTCOM) ги повика цивилите во Иран „веднаш да се оддалечат“ од сите пристанишни објекти долж Ормутскиот теснец каде што дејствуваат иранските поморски сили.
Иран предупреди дека пристаништата во регионот ќе станат „легитимни цели“ доколку бидат нападнати иранските пристаништа.
Ова го објави портпаролот на иранската армија.
Заканата доаѓа кратко откако Централната команда на американската војска (CENTCOM) ги повика цивилите во Иран „веднаш да се оддалечат“ од сите пристанишни објекти долж Ормутскиот теснец каде што дејствуваат иранските поморски сили.
Портпарол на иранската војска изјави дека Иран ќе возврати со напади врз пристаништата во регионот доколку бидат погодени иранските пристанишни објекти.
Централната команда на американската војска (CENTCOM) ги предупреди цивилите во Иран веднаш да се оддалечат од сите пристанишни објекти во Ормутскиот теснец што ги користи иранската морнарица.
Во соопштението се наведува дека иранските власти користат цивилни пристаништа за воени операции што го загрозуваат меѓународниот поморски сообраќај.
CENTCOM предупредува дека ваквите објекти го губат својот статус на заштитени цивилни цели според меѓународното право и можат да станат легитимни воени цели.