„Министерот незаконски пресметувал плати“, синдикатот на култура најави кривична за Љутков

Синдикатот на култура информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство ќе ја објави кривичната пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Синдикатот на култура информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство ќе ја објави кривичната пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Пријавата, како што велат, ќе биде поради основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Повреда на правата од работен однос“ според Кривичниот законик.

„Според наводите во пријавата, министерот Зоран Љутков во текот на 2025 година свесно и спротивно на закон носел упатства и давал насоки за пресметка на платите на вработените во културата, со што незаконски воспоставил нова методологија за пресметка на плати. Со ваквите постапки, министерот директно ги дерогирал Општиот колективен договор за јавниот сектор и колективните права на вработените, и свесно ги ограничил нивните законски права од работен однос“, соопштуваат од Синдикатот за култура.

Со ваквото постапување, според Синдикатот, министерот извршил сериозен упад во системот на работнички права и владеењето на правото, ставајќи се над законите и колективните договори.

„На прес-конференцијата ќе бидат објавени и кривични пријави против директори на институции од културата, кои спроведувајќи ги незаконските насоки дадени од министерот, постои основано сомневање дека сториле кривично дело ‘Повреда на правата од работен однос’ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик“, стои во соопштеието.

Од Синдикатот дополнуваат дека јавноста ќе биде информирана и за нови судски пресуди донесени во корист на вработените во културата, кои, како што велат, дополнително ја потврдуваат незаконитоста на постапките со кои се кратат правата и платите на културните работници.

„Синдикатот на културата јасно порачува дека никој не е над законите и дека секоја злоупотреба на функцијата со која се повредуваат правата на работниците ќе биде институционално и јавно оспорена“, се вели во соопштението на Синдикатот.

(ВИДЕО) Љутков тврди: Синдикатот на ФБ објавува шпекулации, а во кабинет признава грешки