
Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар потекнува од Грција, е почувствуван синоќа во западните делови од државава.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил регистриран во 22 часот и 17 минути, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.
– Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.