Ѓулер: Веројатноста за директен конфликт меѓу Турција и Израел е многу мала
Турскиот министер за одбрана, Јашар Ѓулер, изјави дека турските вооружени сили се подготвени навремено да ја неутрализираат секоја закана насочена кон Турција уште на нејзиниот извор, оценувајќи притоа дека ризикот од директен воен судир меѓу Турција и Израел во моментот е „многу мал“.

Во интервју за весникот „Поста“, посветено на проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, Ѓулер истакна дека судирот меѓу САД, Израел и Иран не треба да се гледа како ограничен само на овие земји.
– Воздушните и ракетните закани, безбедноста на поморските трговски патишта, сигурното снабдување со енергија, киберзаканите и прокси-структурите создаваат повеќедимензионални ризици кои ја зголемуваат нестабилноста во безбедносната равенка во регион што се протега од Блискиот Исток до Источниот Медитеран – изјави Ѓулер.
Тој нагласи дека Турција внимателно го следи развојот на настаните и приоритет дава на спречувањето на ширење на конфликтот.
Ѓулер предупреди дека дестабилизацијата на регионот може да доведе до засилена нелегална миграција и до јакнење на меѓународните мрежи за шверц.
– Исто така знаеме дека терористичките организации се обидуваат да ја искористат секоја празнина во власта и внатрешните немири што би можеле да се појават во регионот. Тоа јасно го видовме во Ирак и Сирија – рече турскиот министер.