
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја шокираше меѓународната јавност со своите ставови за иднината на Иран.
Во најновото интервју, тој јасно стави до знаење дека демократизацијата на оваа земја не е приоритет на неговата администрација, туку дека клучот лежи во „фер и праведно“ лидерство кое ќе соработува со САД и Израел.
Според Трамп, Иран во моментов е во многу поразлична позиција по воените дејствија, нарекувајќи ја земјата „неутрализирана“ во споредба со нејзината моќ од пред само една недела.
На прашањето дали инсистира Иран да стане демократска држава, Трамп изјави:
„Не, велам дека треба да има лидер кој ќе биде фер и праведен. Да заврши одлична работа. Да се однесува добро кон Соединетите Држави и Израел, како и кон другите земји на Блискиот Исток — тие се сите наши партнери.“
Тој додаде дека нема проблем со тоа нов лидер на земјата да биде дури и религиозна фигура, доколку тоа носи стабилност и соработка.
-Можеби, да… мислам, зависи кој е човекот. Не ми пречат религиозните лидери. Соработувам со многу религиозни лидери и тие се фантастични – изјави Трамп.