Куба остана без струја
Голем дел од Куба, вклучително и главниот град Хавана, остана без електрична енергија, соопшти националната електроенергетска компанија UNE, додавајќи дека се работи на повторно воспоставување на снабдувањето.

Најголемиот карипски остров беше погоден од масовен прекин на струјата, објави агенцијата Ројтерс.
Според соопштението на UNE, прекинот на електричната енергија зафатил широк регион – од централната покраина Камагуеј до Пинар дел Рио на крајниот запад на островот.
Куба во последниот период се соочува со сè почести рестрикции на струја, што властите го поврзуваат со проблемите во снабдувањето со нафта. Земјата се соочува со ограничени испораки на гориво поради американската блокада, а токму тоа гориво се користи за функционирање на електроенергетската мрежа