Владата ја следи состојбата на Блискиот Исток – Дурмиши: Постои ризик цените да се зголемат
Постои ризик цените во земјава да се зголемат, но Владата секојдневно ја следи состојбата на Блискиот исток и ќе реагираме ако има последици- изјави министерот за економија Бесар Дурмиши. Тврди дека меѓународните анализи покажуваат дека цените се уште стабилни.

„Постои ваков ризик да може да се зголемуваат цените. Секојдневно ја мониторираме ситуацијата. Ние како министерство за економија и труд значи работиме во насока да имаме стабилен пазар, да ги заштитиме правата на работниците, да го помагаме стопанството, а во делот на Владата значи ако се случува да предизвикува вакви ризици, ќе бидеме таму, транспарентно ќе донесеме одлуки“, порача Бесар Дурмиши.
Владата очекува конфликтот на Блискиот исток да заврши брзо и се надева дека не не чека уште една криза и инфлаторен шок. Министерката за финансии, Кочоска вчера изјави дека доколку другите министерства побараат Владата ќе одлучува дали ќе се прогласи кризна состојба.