
Турција: НАТО пресретна иранска балистичка ракета што леташе кон нас
Противвоздушните и против ракетните одбранбени сили на НАТО распоредени во Источниот Медитеран пресретнаа иранска балистичка ракета што леташе кон турскиот воздушен простор, објави турското Министерство за национална одбрана.
Противвоздушните и против ракетните одбранбени сили на НАТО распоредени во Источниот Медитеран пресретнаа иранска балистичка ракета што леташе кон турскиот воздушен простор, објави турското Министерство за национална одбрана.
Ракетата била испукана од Иран и пред да биде пресретната, поминала над ирачкиот и сирискиот воздушен простор, пишува „Туркие тудеј“
Во соопштението за медиумите на министерството од 4 март се наведува дека балистичката ракета испукана од Иран била навремено пресретната и неутрализирана. Остатоците од ракетата на пресретнувачот паднале во округот Дортјол во покраината Хатај откако заканата била уништена во воздух.
Потврдено е дека остатоците припаѓаат на одбранбена ракета, а не на дојдовна ракета. Нема извештаи за жртви или повредени.
Според извештаите на „Шафак њуз“ и „Норт прес“ агенцијата, иранска балистичка ракета била пресретната над Камишли во североисточна Сирија, во близина на турската граница.
Министерството соопшти дека решителноста и способноста на Турција да ја обезбеди безбедноста на својата земја и граѓаните се на највисоко ниво.
„Ве потсетуваме дека го задржуваме правото да одговориме на секој непријателски чин против нашата земја“, се додава во соопштението.