Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради посетата на Марк Руте

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот

Поради посетата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, денеска во централното подрачје на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.