(ВИДЕО) Тумановски: Каква и да е, правдата ќе излезе на крај
„Ние како бранители секој пат се залагаме да нема притвор. Тоа е најнепопуларната мерка и треба да се користи како последно средство, кога се бараат мерки за лицата да бидат обезбедени во текот на постапката. Сега ние имаме создадено пракса, и покрај тоа што имаме одлуки од Стразбур, кои ги доведуваат во прашање постапките што се водат кај нас, односно дека постапките се водени или многу лесно се определува притвор, и кога се определува нема доволно образложенија. Или кога се даваат наводи дека лицето би се дало во бегство, ние немаме претходно како индикатори дека тоа лице сакало да бега, имало намера да бега. -Ќе го земам примерот со Црна Гора и примерот со претседателката на Врховниот суд, која што преку телефонски линии, кои беа прислушкувани, истражните органи имаа сознанија дека таа пред да почне во акцијата каде ќе биде осмничена заедно со својот син, договарала одбрана со свој адвокат во Белград и купила авионски карти. -Тие се индикаторите кога обвинителот ќе појде кај судијата, кога првично се бара притвор, дека некое лице сака да презема одредени дејствија за судот да се увери во барањето на самиот обвинител. -За разлика од кај нас, тоа не е така. Ние над 90% во постапките имаме – дека, или доколку би се дал во бегство. Значи немаме ништо конкретно дека тоа лице би посегнало по таквото нешто“, вели за „Трилинг“ адвокатот Александар Тумановски, околу прашањето дали зад враќањето на Артан Груби се крие и политички договор.
„Ние како бранители секој пат се залагаме да нема притвор. Тоа е најнепопуларната мерка и треба да се користи како последно средство, кога се бараат мерки за лицата да бидат обезбедени во текот на постапката. Сега ние имаме создадено пракса, и покрај тоа што имаме одлуки од Стразбур, кои ги доведуваат во прашање постапките што се водат кај нас, односно дека постапките се водени или многу лесно се определува притвор, и кога се определува нема доволно образложенија. Или кога се даваат наводи дека лицето би се дало во бегство, ние немаме претходно како индикатори дека тоа лице сакало да бега, имало намера да бега.
-Ќе го земам примерот со Црна Гора и примерот со претседателката на Врховниот суд, која што преку телефонски линии, кои беа прислушкувани, истражните органи имаа сознанија дека таа пред да почне во акцијата каде ќе биде осмничена заедно со својот син, договарала одбрана со свој адвокат во Белград и купила авионски карти.
-Тие се индикаторите кога обвинителот ќе појде кај судијата, кога првично се бара притвор, дека некое лице сака да презема одредени дејствија за судот да се увери во барањето на самиот обвинител.
-За разлика од кај нас, тоа не е така. Ние над 90% во постапките имаме – дека, или доколку би се дал во бегство. Значи немаме ништо конкретно дека тоа лице би посегнало по таквото нешто“, вели за „Трилинг“ адвокатот Александар Тумановски, околу прашањето дали зад враќањето на Артан Груби се крие и политички договор.
Прашан за оценка дека од една страна АНБ и полицијата заклучиле дека Груби не е безбеден во „Шутка“, наспроти мислењето на директорот на затворот кој смета дека најбезбедно место за екс – вицепремиерот всушност е затворот, а не дома, Тумановски вели дека оправдани се реакциите на директорот на затворот и тука се поставува прашањето што со другите затвореници, и дали тие се безбедни таму.
„Со ова се прави една селекција на лица за коишто се апострофира дека тие не би биле безбедни. Прашањето е дали е сега безбеден во својот дом? Сметам дека Груби е побезбеден во притвор отколку дома, бидејќи таму мониторингот е 24 часа, има посебни ќелии, мерката притвор може да определи да биде сам, така што има можност тоа да се направи. Од друга страна, ние како држава треба да тежнееме, веќе ако ги упатуваме во куќен притвор, со алки да се направи мониторинг и да се следат дали би се дале во бегство. Кај нас, стастистичкиот податок покажува дека куќниот притвор е малку застапен. Од денешна перспектива, годините наназад, од извештаите на ЈО, стои дека ќукниот притвор е се помалку застапен и по тоа излегува дека привилегирана група на луѓе добиваат таква мерка.
Осврнувајќи се на тоа за што би можел да се гони Груби, имајќи предвид дека на седницата на Владата каде се носи одлуката околу државна лотарија одлуката е колективна и дали сите ќе одговараат, Тумановски вели дека предметот е во истрага и обвинителот постапува за да утврди дали само Груби е одговорен или и другите членови на Владата коишто одлучувале по однос на тоа прашање.
На прашањето дали Груби од осомничен за економски криминал всушност станува соработник на тајните служби, Тумановски вели дека БЈБ при МВР ја има улогата да се бори со економскиот криминал во државата.
Тумановски вели дека на Македонија и е потребен Јавен обвинител којшто ревносно би влегол во борба со криминалот.
„Обвинителот којшто ќе дојде треба да го ревидира досегашниот начин на работење“, вели адвокатот Тумановски.
Целото интервју погледнете го во видеото