Во првиот месец од работењето на „Сејф сити“ поднесени 476 приговори за изречени казни

За овој месец од примената на полицискиот системот „Сејф сити” до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 476 приговори за поведување прекршочна постапка, 431 од правни лица и 45 од физички лица. По нив постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.

До овој момент судот нема донесено правосилна одлука по сообраќајните прекршоци евидентирани преку системот „Безбеден град”, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор, стои во соопштението од таму.

Најголем дел од приговорите се однесуваат на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило. Како најзначајни предизвици се издвојуваат приговорите поднесени од лизинг компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговорите од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но не ги одјавиле во МВР.