(ВИДЕО) Во Трилинг со Таравари, адвокатот Тумановски и пијанистот Имери

Во „Трилинг“ разговараме со Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, адвокатот Александар Тумановски и пијанистот Дино Имери.

Во магазинот „Трилинг“ разговараме со Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, адвокатот Александар Тумановски и пијанистот Дино Имери.

Фото: Трилинг / Арбен Таравари

„Секој којшто згрешил пред законот, ако евентуално згрешил, треба да одговара. Точка. Не очекувам некакви спектакли. Лошо е кога некои луѓе бегаат од правдата.

-И ДУИ отиде во опозиција. И тоа е добро за државата, за Албанците, за ДУИ. И на нив им требаше период во опозиција за да се реформираат.

-Господинот Мицкоски оди на доминација на Македонците во Владата, и тотално маргинализирање на албанските претставници“, вели за Трилинг лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Фото: Трилинг / Александар Тумановски

„По школски буквар го исполнува условот дека треба да му се определи мерка притвор, бидејќи истиот се дал во бегство.

-Дали е сега безбеден во својот дом? Обвинителот којшто ќе дојде треба да го ревидира овој начин на работење“, вели адвокатот Александар Тумановски.

Фото: Трилинг / Дино Имери

„Кога имав 20, 21 година стигнав во десетте најдобри пијанисти во Европа. Музиката е голем дел од вашиот живот, но не е единствен. Моето семејство е и како секое друго семејство. Имаме на дневен ред многу нешта коишто ни се важни“, вели пијанистот Дино Имери.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.