Развојната банка има нов директор: Разрешен Кире Наумов една година пред истекот на мандатот

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов е разрешен од функцијата од страна на Надзорниот одбор, објави Македонска берза.

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов е разрешен од функцијата од страна на Надзорниот одбор, објави Македонска берза.

Неговото место ќе го наследи Ефимија Димовска која ќе биде вршител на должноста. Таа во јануари беше именувана за нов член на Надзорниот одбор како академски професор. Поранешниот технички министер за финансии и функционер на СДСМ, Кире Наумов е разрешен на 23 февруари, односно на една година пред завршување на неговиот мандат како извршен директор на Развојна банка.

Наумов својата кариера ја започнува во Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал како соработник во Секторот за финансии и контрола. Во текот на својата кариера, работи како асистент од областа на математиката и статистиката на Економскиот факултет во Скопје, советник за економски прашања на претседателот на Владата на РМ, советник за економски прашања на претседателот на Република Македонија, директор на Агенцијата за разузнавање на РМ, претседател на Одбор на директори на осигурително брокерско друштво, дополнителен заменик- министер за финансии и заменик на министерот за економија.

Новата в.д. директрка Ефимија Димовска повеќе од 18 години активно работи во областа на развојното банкарство. Дипломирала на Економски факултет во Скопје, магистрирала на Универзитетот во Питсбург, САД, а докторира на Економски во Скопје во областа на финансиите, со посебен фокус на истражувањата во делот на пристап до финансирање на мали и средни претпријатија. Својата 27 годишна професионална кариера ја гради на одговорни и раководни позиции во Министерството за финансии, Развојната банка, енергетскиот сектор и високото образование.

Развојна банка ги финансира бизнисите во Македонија преку поволни кредитни линии обезбедени од меѓународните финансиски институции, а во последно време менаџираше и со унгарскиот кредит од 250 милиони евра наменет за компаниите.

Извор: Фокус