Трајчевски: Да беше Румен Радев во Македонија, нема да можеше да учествува на избори!

Да беше Румен Радев во Македонија, не ќе можеше да учествува на избори, а во Бугарија ќе победи, порача денес иронично директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, на дебата организирана од Институтот за комуникациски студии.

Да беше Румен Радев во Македонија, не ќе можеше да учествува на избори, а во Бугарија ќе победи, порача денес иронично директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, на дебата организирана од Институтот за комуникациски студии.

Повод за ваквата негова оценка беше актуелниот Изборен законик во Македонија и дубиозите што ги произведува, пред се со одредбата за финансирање на политичките кампањи со пари на граѓаните, т.е. од државниот буџет. Во тој контекст Трајчевски изнесе најнови податоци и апсурди.

Според него, потребен е сосема нов изборен законик зошто со сегашниот големите партии имаат монопол на политиката и од таа позиција ни го сервираат изборот – што не мора да е најдобар за државата.

„Сегашниот изборен не им овозможи рамноправно учество на изборите на две политички партии. За малине и новите политички субјекти речиси е невозможнно со овие регулативи да учествуваат во изборниот процес“, рече Трајчевски, пред да го спомене како илустрација Радев кој преку ноќ се вклучи во политичката трка во Бугарија и стана фаворит, иако до вчера беше претседател.

Тој монопол, според него, се гледа и во користењето на државните пари за политичкото рекламирање во медиумите, кое вака како што е поставено ги прави зависни од партиите па, како што рече, годинава телевизиите ќе пријават 30 до 40 отсто помали приходи бидејќи нема да има избори во државата. Потоа изнесе уште еден парадокс: дека на последните избори во земјата во ДИК се пријавиле околу 25о медиуми (иако во АВМУ се регистрирани околу четириесетина) меѓу кои и регистрирани во Србија, Косово, Албанија, Данска и во други држави, меѓу кои и такви кои немаат ни политичка или друга содржина, споменувајќи го примерот на веб страницата ГРАМОФОНИ.РС.

„Ова го нема никаде на друго место. Пробајте како медиуми да учествувате на избори во Србија, или еве наскоро во Бугарија. Кај нас тоа е можно зошто парите се исплаќаат од буџетот, а на последните избори за таа цел беа исплатени 10 милиони евра. Притоа, најгледаната ТВ не доби најмногу пари. На кого се праќааат политичките пораки кога се рекламираат на телевизии и портали со минорна гледаност и читаност, на граница на статистичка грешка? Се поставува прашањето зошто воопшто се трошат нашите пари на вакво рекламирање?“- порача Трајчевски.

Според него, очигледно е дека треба да се укине платеното политичко рекламирање и партиите сами да си ги плаќаат своите реклами.

„Политиката не е социјална категорија. Некои кои немаат што да работат формираат политички партии сега. На последните избори листата со политички партии беше како книга, а многу од нив добиваат минорни гласови“, рече Трајковски, споменувајќи дека ваквите ситуации треба да се надминат со новиот изборен законик (ако биде донесен доопшто, бидејќи се најавува со години).

Тој, како и ЗНМ, повика место со политички реклами, медиумите да се помагаат со формирање медиумски фонд преку кој ќе се финансираат новинарски содржини.

„ Тој фонд да биде формиран место овој закон, со кој добиваат УСБ со готови содржини од политичките партии. Бидејќи вака нема да има ни слободно новинарство, ни независни медиуми. Медиумите не се обични трговски друштва туку имаат значајна улога во општеството. Вакви – никому не му требаат“, рече Трајковски.

Преземено од Независен