
Дебата „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“
-Спроведеното испитување на јавното мислење покажа дека лицата со попречености и нивните семејства се соочуваат со сериозни системски бариери и предлагаат измени на Законот за здравствена заштита и Законот за социјална заштита како клучен чекор кон надминување на предизвиците - информираат организаторите на настанот.
Во Собранието денеска ќе се одржи настан на тема: „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“ на кој ќе бидат презентирани наодите од анализата за предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост, како и можните решенија поврзани со нивниот медицински третман.
Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот е во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Зета – организација на попреченост и правда, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, „Порака“ – Неготино и „Еко – Живот“ – Кавадарци. Дел е од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, чиј цел е подобрувањето на здравствената заштита на лицата со попреченост на сите три нивоа на здравствениот систем.
-Спроведеното испитување на јавното мислење покажа дека лицата со попречености и нивните семејства се соочуваат со сериозни системски бариери и предлагаат измени на Законот за здравствена заштита и Законот за социјална заштита како клучен чекор кон надминување на предизвиците – информираат организаторите на настанот.