Големи поплави од вчера попладне има во североисточна Босна. Голем број од реките се излеаја, а новите врнежи денеска прават нови проблеми.
Најлоша е состојбата во општина Челиќ, таму се поплавени околу 200 семејни куќи.
Локалните медиуми јавуваат дека се урнале неколку земјоделски објекти, а поплавите однеле и неколку автомобили. Властите прогласија состојба на природна катастрофа.
Обилните врнежи од дожд и порои предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде што се поплавени голем број објекти.
Поплавени се големи земјоделски површини во Зворник во источна БиХ, соопштија локалните власти.