
Дали Скопје станува „Дубаи на Балканот“?
Цените на недвижностите во Скопје бележат историски раст и во најатрактивните локации веќе надминуваат 3.000 евра за метар квадратен. Дел од трансакциите достигнуваат и околу 280.000 евра за стан од 90 м² – ниво кое до неодамна беше незамисливо за локалниот пазар.
Цените на недвижностите во Скопје бележат историски раст и во најатрактивните локации веќе надминуваат 3.000 евра за метар квадратен. Дел од трансакциите достигнуваат и околу 280.000 евра за стан од 90 м² – ниво кое до неодамна беше незамисливо за локалниот пазар.
Според податоците на Народна банка на Република Северна Македонија, растот на цените на недвижностите во 2025 година надминува 25% на годишно ниво. Продажбите во Скопје учествуваат со најголем обем и вредност во вкупните трансакции на пазарот, што дополнително го позиционира главниот град како двигател на секторот.
Се поставуваат клучни прашања:
- Дали Скопје навистина се трансформира во „Дубаи на Балканот“?
- Кој купува по овие цени – домашни купувачи или странски инвеститори?
- Дали во земјата навистина влегува нов бран на странски капитал?
- Колку даночните поволности, слободните економски зони и присуството на меѓународни компании влијаат врз пазарот?
- И најважно – каде е најпаметно да се вложи во овој момент?
Зголемениот интерес од инвеститори, развојот на големи станбено-деловни проекти и влезот на светски познати брендови отвораат дилема дали се работи за одржлив раст или за потенцијално прегревање на пазарот.
Овие теми ќе бидат во фокусот на најновиот Live Stream на агенцијата за недвижности Dora Invest, кој ќе се одржи во четврток, 26 февруари, со почеток во 20 часот на социјалните мрежи на агенцијата. Настанот ќе понуди детална анализа на трендовите, бројките и можните сценарија за 2026 година, како и конкретни насоки за инвеститорите и граѓаните кои размислуваат за купување или вложување во недвижности.
Преземено од Независен