СДСМ: Ако сѐ било по пропис со користењето на владиниот авион, зошто не се објавуваат листите со патници?
„Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници? Што се крие од јавноста? Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерцијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го пропуштил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит“, соопштија утринава од СДСМ.

„Генералната декларација е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора да се приложи за секој меѓународен лет. Еве, Владата нека ги објави документите, за да видат граѓаните кој се патувал со владиниот авион и колку тоа ги чинело. Граѓаните го плаќаат авионот. Граѓаните ги плаќаат летовите. Граѓаните ги плаќаат трошоците за екипаж, одржување и гориво“ велат од СДСМ.
Од опозициската партија велат дека „граѓаните имаат право да знаат: Кој сѐ летал со владиниот авион? Колку точно чинел секој лет? Особено што нема пари за плати, нема пари за 600 евра минимална плата, се кратат 3 милиони евра од пациентите со ретки болести, се кратат 40 милиони евра од земјоделците. Ако сѐ било законски – објавете ги списоците. Ако нема што да се крие – покажете ги документите. Јавноста заслужува одговор“.