Операта „Травијата“ од Верди на сцената на НОБ

Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска. Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски - во улогата на Жорж Жермон.

Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на  Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска.

Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски – во улогата на Жорж Жермон, во другите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Кристијан Антовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Сценограф и костимограф е Софија Шнајдер од Германија, кореограф Саша Евтимова, концерт-мајстор Јане Бакевски и хор-мајстор Јасмина Ѓоргеска.

НОБ соопшти дека е создадена моќна продукција чиј главен фокус е сценската динамика и визуелната префинетост.

-„Травијата“ е безвременска опера на Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. „Травијата“ е еден од столбовите на светскиот оперски репертоар – дело во кое Верди со извонредна музичка чувствителност ги обликува ликовите и нивните внатрешни борби, создавајќи опера која и денес длабоко ја допира публиката и останува актуелна на сцените низ светот и кај нас, истакнуваат од НОБ.