Најубавиот гол во Лигата на нации го постигна фудбалер на Андора

Фудбалската Лига на нации на УЕФА започна да се игра во 2018 година. Досега беа видени многу убави погодоци, но еден од најубавите беше постигнат синоќа на мечот Андора – Лихтенштајн.

Во Д сегментот, Андора на свој терен победи со 2:1, а погодокот кој е постигнат од половина терен во 82 минута е дело на Хесус Рубио.

Тој го изненади голманот на Лихтенштајн – Бенџамин Бухел и донесе убава предност за својата селекција.