Виткоф: Москва и Киев никогаш не биле поблиску до договор

Русија и Украина постигнаа „значаен напредок“ во разговорите одржани во Женева, изјави специјалниот претседателски претставник на САД, Стивен Виткоф, велејќи дека медијациските напори на Вашингтон дале конкретни резултати, пренесуваат украинските медиуми.

Соединетите Американски Држави ги олеснуваат трилатералните разговори меѓу нивните, руските и украинските претставници, а според американскиот претставник, дипломатската иницијатива „довела до значителен напредок“.

„Двете страни се согласија да ги информираат своите лидери за наодите и да продолжат да работат кон постигнување договор“, рече Виткоф на социјалните медиуми.

Нова рунда мировни преговори се одржа во Женева на 17 февруари и траеше четири и пол часа. Според најавите, разговорите ќе продолжат денес, 18 февруари, што укажува на интензивирање на дипломатскиот процес и напор за постигнување рамка за евентуален договор.

Сепак, и покрај сигналите за напредок, внатрешните поделби во Киев остануваат сериозен фактор што би можел да влијае на понатамошниот тек на преговорите.

Според „Економист“, украинската делегација е поделена по прашањето за темпото и условите за склучување мировен договор.