
Кај ученик од Сребреница е пронајден „список на деца за убивање“
Надлежните од основно училиште од босанскиот град Сребреница пријавиле во полицијата во соседниот град Зворник дека еден од учениците пронашол „список на деца за убивање“, објави Кликс.ба.
Надлежните од основно училиште од босанскиот град Сребреница пријавиле во полицијата во соседниот град Зворник дека еден од учениците пронашол „список на деца за убивање“, објави Кликс.ба.
Илазвештајот од училиштето за порталот го потврди и Полициската управа во Зворник, која работи на проверка на овој случај.
Медиумите од Република Српска наведуваат дека станува збор за ученик од повисоките одделенија, кој од претходно бил познат како проблематично дете.
Директорката на „Првото основно училиште“ во Сребреница, Снежана Јандриќ, се огласи откако во јавноста се појави информација дека ученик од ова училиште направил список на врсници кои наводно сакал да ги убие.
Јандриќ рече дека училиштето ги презело сите мерки во рамките на својата надлежност.
„Од првиот момент реагиравме совесно со цел да ги заштитиме учениците и да зачуваме безбедна училишна средина. Поради заштита на малолетниците и почитување на законските обврски, училиштето не е во можност да ги открие деталите за случајот на јавноста, но преземени се сите релевантни чекори во соработка со надлежните институции и континуирано работиме на превенција и спречување на сите форми на насилство, а Министерството за образование и култура е запознаено со сè“, изјави Јандриќ.
Таа наведува дека училиштето разговарало со споменатиот ученик, кој, како што вели, тврдел дека „немал такви намери“.