
Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина, се тресеше и во Далмација
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала поплладнево ја погоди Босна и Херцеговина.
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала поплладнево ја погоди Босна и Херцеговина.
Според ЕМСМ, земјотресот се случил во близина на Ливно во 17:31 часот, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот го почувствувале жителите на Ливно и околните населби, но и во Далмација, Хрватска.
„Силен земјотрес, последните две секунди како голем удар“; „Околу 5-8 секунди силно нишање“, „Ужасно“, ова се само дел од коментарите на мештаните на социјалните мрежи.
Засега нема информации за евентуални штети.