Снег ја блокираше Србија

Властите апелираат до граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, да користат задолжителна зимска опрема и да ја следат состојбата на патиштата преку официјалните канали.

Обилни снежни врнежи ја парализираа Србија, предизвикаа долги колони возила, сообраќајни незгоди и заглавени камиони на повеќе патни правци низ земјата.

Најкритично, според српските медиуми, е во планинските предели и на автопатските делници каде што снегот и ниските температури го отежнуваат движењето.

Според информациите од терен, паднати дрва дополнително ги блокираат одредени сообраќајници, а дел од товарните возила останале во застој поради лизгав коловоз и недоволна зимска опрема.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патиштата и нормализирање на сообраќајот.

Властите апелираат до граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, да користат задолжителна зимска опрема и да ја следат состојбата на патиштата преку официјалните канали.