Филипче: Власта ја претвора науката во луксуз за богатите

Во Предлог Законот за високо образование науката станува луксуз само за богатите, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека се наметнуваат строги критериуми за публикации со инпакт фактор.

Во Предлог Законот за високо образование науката станува луксуз само за богатите, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека се наметнуваат строги критериуми за публикации со инпакт фактор.

„Се наметнуваат строги критериуми за публикации со инпакт фактор, без државата да обезбеди стабилно финансирање на науката, фондови за објавување, истражувачка инфраструктура и институционална поддршка притоа квалитетот се сведува само на бројки“, рече Филипче.

Тој додаде дека објавувањето во списанија со инпакт фактор чини над 2.000 евра, а државата никако не помага, што е дискриминирачки и неправедно.

„Член 123, 161, практично тоа се часописи со инпакт фактор во кој што објавувањето чини над 2.000 евра. Наместо да се понуди систем во кој што државата ќе инвестира во механизми и инструменти кои што на научно истражувачките работници, наставници на факултетите, младите кадри ќе им овозможи зголемен квалитет на истражување, наеднаш се наметнуваат критериуми коишто е невозможно во овој систем да се имплементираат. И тоа е практично дискриминирачки и социјално неправедно“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека е погрешно и штетно поистоветувањето на хуманистичките со биолошките науки, особено во контекст на критериумите за научно вреднување и објавување трудови.

„Се поистоветуваат хуманистичките и биолошките науки. Додека хуманистичките науки се занимаваат со системот во државата и тука се прават истражувањата во нашите околности во нашите системи, истражувајќи ги тие работи ние немаме доволен број на национални списанија којшто нудат голем импакт индекс. И тука е несоодветно тоа поистоветување со биолошките науки“, рече Филипче.