Алексеј Навални убиен со отров од жаба – отровница, Лондон го впери прстот во Кремљ
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше убиен со употреба на отров развиен од токсин од отровна жаба (батрахотоксин), соопшти Министерството за надворешни работи на Велика Британија. Две години по смртта на Навални во сибирската казнена колонија, Велика Британија и нејзините сојузници ја префрлија вината на Кремљ по анализата на примероците од материјалот пронајдени на неговото тело.

Не постои невино објаснување за тоа како токсинот, наречен епибатидин, е пронајден во примероците земени од телото на Навални, соопшти Министерството за надворешни работи. Зборувајќи од Минхенската безбедносна конференција, министерката за надворешни работи Ивет Купер рече: „Само руската влада имаше средства, мотив и можност да го употреби овој смртоносен токсин против Алексеј Навални за време на неговиот престој в затвор во Русија“.
Купер се сретна со вдовицата на Навални, Јулија Навалнаја, на конференцијата овој викенд.
„Русија го гледаше Навални како закана“, рече Купер на настанот. „Со користење на овој вид отров, руската држава ги демонстрираше ужасните алатки што ги има на располагање и огромниот страв што го има од политичката опозиција“, додаде таа.
На Велика Британија ѝ се придружија Шведска, Франција, Холандија и Германија во обвинувањето на Русија за труењето. Министерството за надворешни работи соопшти дека Велика Британија ја информирала Организацијата за забрана на хемиско оружје за наводното кршење на Конвенцијата за хемиско оружје од страна на Русија.
Навални, активист против корупцијата и најгласниот лидер на опозицијата во Русија, почина ненадејно в затвор на 16 февруари 2024 на 47-годишна возраст. Во 2020 беше отруен со нервен агент „новичок“. Тој беше на лекување во Германија и беше уапсен на аеродромот по враќањето во Русија.
Пред денешното соопштение, сопругата на Навални, Јулија, постојано тврдеше дека нејзиниот сопруг бил убиен со труење додека отслужувал затворска казна во арктичка казнена колонија во 2024.