Македонија и Бугарија на 84. место според корупција во светот, Србија е дури 116-та
Борбата против корупцијата назадува во сите земји во регионот. Македонија има 40 поени и се наоѓа на 84. место на Индексот за мерење на корупцијата на „Транспаренси интернешенел“ за 2025 година.
Борбата против корупцијата назадува во сите земји во регионот. Македонија има 40 поени и се наоѓа на 84. место на Индексот за мерење на корупцијата на „Транспаренси интернешенел“ за 2025 година.
На годишниот извештај на организацијата што ја мери перцепцијата за корупција во 182 држави во светот, Македонија не напреднала во борбата, затоа што ги има истиот број поени, но поради падот на повеќе земји на индексот што беа пред неа, таа го дели 84. место со уште шест други земји.
Меѓу нив со истиот број поени се Бугарија и Унгарија, кои бележат пад во рангирањето.
Другите држави во регионот исто така бележат пад во борбата против корупцијата. Албанија е на 91. место со 39 поени, а Србија на 116. со 33 поени.
Црна Гора нема промени во поените – 46, и е на 65 место, a Босна и Херцеговина е 109. место со 34 поени.