Каја Шукова избрана за претседателка на Форумот на жени на СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на предлог на партискиот лидер, Венко Филипче, донесена е одлука за избор на Каја Шукова за нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Одлуката следи во период кога партијата интензивно работи на јакнење на женското учество во политиката и на позициите на жените како активни членови на општеството.

Изборот на Шукова доаѓа во време кога СДСМ особено се залага за родовата еднаквост и инклузивност во политичките процеси. Форумот на жени на СДСМ претставува активен партнер во креирањето партиски политики насочени кон решавање на прашања што ги засегаат жените, вклучувајќи ја борбата против родово базирано насилство, економското зајакнување на жените и напорите за рамноправна застапеност во јавниот и политичкиот живот.

Инаку, Каја Шукова во изминатиот период активно делуваше како потпретседателка на партијата и беше кандидатика на СДСМ за градоначалник на Град Скопје.

Форумот на жени на СДСМ отсекогаш играл значајна улога во поддршка на изборни активности и политики кои придонесуваат кон зајакнување на правата, можностите и улогата на жените во сите сфери на општествениот живот.

На оваа позиција, Шукова ја наследува Даниела Колева, која со својата активност придонесе за видливост на женските прашања во партиските политики и промоцијата на активното учество на жените во политичкиот живот на локално и национално ниво.

Од СДСМ упатија честитки до новоизбраната претседателка, со уверување дека Форумот на жени ќе продолжи да биде силен глас за еднаквост, солидарност и напредок, како и важен столб во вкупното делување на партијата.