Бугарските власти истражуваат дали шест убиства се поврзани со култ

Бугарските власти истражуваат убиство на шест луѓе поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со култ, пишува „Дневник.бг“.

Минатата недела полицијата пријави убиство на тројца луѓе на возраст од 45 до 51 година, во викендичка во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, на северозападот од земјата.

Убиените – угледен адвокат со меѓународно искуство, сопственик на книговодствена фирма и инструктор по нуркање, биле пронајдени со прострелни рани.

Тогаш беше издадена потерница по тројца осомничени, вклучувајќи го директорот на организацијата и сопственик на викендичката, Ивајло Калушев, кој, според полицијата, избегал од местото на злосторството заедно со две млади момчиња.

Се работи за познат екстремен нуркач, морепловец и филмски продуцент, кој со години бил истакнат екоактивист.

Денеска, бугарските медиуми јавија дека Калушев и двете момчиња, 15-годишно и 22-годишно, биле пронајдени убиени во кампер во шума, а телата случајно ги пронашол овчар.

На местото попладнево се во тек истражни дејствија, а полицијата го опколила подрачјето.