Патник со здравствени проблеми причина за итното слетување на летот кон Париз

Според информациите, патникот се пожалил на срцеви тегоби додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, на околу половина час пред планираното слетување. Пилотите побарале итно слетување на аеродромот Шарлроа во Брисел, кој бил најблизок, со цел на патникот да му се укаже медицинска помош.

Здравствен проблем кај еден од патниците бил причината за вонредната состојба на летот Скопје–Париз, поради која авионот беше пренасочен и безбедно слета во Брисел.

Според информациите, патникот се пожалил на срцеви тегоби додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, на околу половина час пред планираното слетување. Пилотите побарале итно слетување на аеродромот Шарлроа во Брисел, кој бил најблизок, со цел на патникот да му се укаже медицинска помош.

Патниците наведуваат дека авионот останал на земја околу 30 минути, по што летот продолжил кон Париз.

Ваквото пренасочување е стандардна процедура кога екипажот ќе процени дека станува збор за потенцијално животозагрозувачка состојба со која членовите на кабинскиот екипаж, иако обучени за итни ситуации, не можат самостојно да се справат.

Вонредна состојба нa летот од Скопје кон Париз – авионот бил пренасочен