
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, објави дека нема намера ниту потреба да му се извини на Зоран Заев, туку, како што рече, очекува Заев да и се извини на македонската јавност за „сите милионски криминали што ги има правено и за сите национални предавства и понижувања“.
-Она што е индикативно во неговото излегување во јавноста е тоа што, иако демaнтира и вели дека немал никаква врска со овој случај со марихуана, сепак, во тоа негово писание кажува дека ова било режирана драма и дека запленетата марихуана била наводно запленетата заради несоодветно чување и складирање, со што директно се става во одбрана на оние коишто се осомничени во овој случај.
Дополнително, Зоран Заев треба да одговори на македонската јавност, затоа што имаше јавни сведоштва за тоа како гради зграда 40-катница во Дубаи и она коешто треба да го каже, е дали и тој како Венко Филипче ќе оперира, па затоа добил златна виза за Дубаи. Оваа нервоза на Зоран Заев е само доказ дека клопчето се размотува, дека обрачот околу Заеви се стега и дека наскоро ќе има правда – рече Петрушевски.