
Проф. д-р Ана Чупеска: Синтетички примитивизам и отпор
Денешната македонска стварност се чини дека не е во сотојба на една вообичанеа политичка заврзлама. Напротив, живемее во сурова околност на она што теоријата го дефинира како „информациски непријателска средина“ (informationally hostile environment) (Klincewicz, Alfano, & Fard).
Пишува: Проф. д-р Ана Чупеска
Денешната македонска стварност се чини дека не е во сотојба на една вообичанеа политичка заврзлама. Напротив, живемее во сурова околност на она што теоријата го дефинира како „информациски непријателска средина“ (informationally hostile environment) (Klincewicz, Alfano, & Fard).
Имено,прогресивниот глас, кој de facto е целосно дефрагментирам поради поларизирчките услови, дополнително, тој не само што е угушен од конвенционални политички опонирања, туку, засилено и од хибридна воена машина која успешно го окупира нашиот симболички универзум и нашата свест.
Ова е така бидејќи, се наоѓаме среде воен полигон каде јасно е како бел ден, дека доминираат влијанијата на авторитарните сојузи, чија „оска на ревизионизам“ систематски ја труе секоја либерална и прогресивна мисла преку анти-ЕУ реторика и злонамерно инженерирана дипломатска изолација. Полигонот е овде, прокси територија за поткусурување. Горди, но изолирани (и затуцани), истовремено.
Но, клучната теза на овој текстуален придонес е следна:
Опозицијата и сите прогресивни актери не се веќе само жртви на вообичаената пропаганда, туку се на удар на системска „епистемолошка децимација“ чија крајна цел е целосно уништување на личната агенција (agency) и субјетивност. Односно,тенденцијата е кон целосно усмртување на нашето субјективно чувство дека воопшто имаме моќ да влијаеме врз текот на сопствената историја. И, ова не е играчка, туку е убиствена и до некаде самоубиствена варијација.
Оваа операција на РАЗГРАДУВАЊЕ НА РАЗУМОТ се изведува и преку два застрашувачки дигитални феномени:
Прво, преку, слопаганда (Slopaganda), што, претставува индустриско производство на дигитален отпад генериран од вештачка интелигенција. При што не станува збор за проста дисеминација на лагата; туку, тоа е таков вид на епистемолошка контаминација, која ви ги преплавува и мозокот и умот со перцепирани „факти“ сè додека вистината не стане потполно ирелевантна.
Когнитивната наука предупредува : штом овие ВИ-генерирани наративи ќе се всадат во невронските мрежи, тие продолжуваат да го обликуваат расудувањето дури и откако ќе бидат формално демантирани.
Дали се разбираме?!
Второ, сведочиме и на паралелн институционален шитпостинг (Institutional Shitposting), или, на тоа дека официјалните државни канали и нивната пешадија, преку вордингот како : „глодари“ и „полноглавци“ , “удари во чело”, фактички го присвојуваат речникот на интернет-троловите, и почнуваат да вршат вербална тортура и закани кон секој мислечки субјет, со што целсно се деградира јавниот дискурс до ниво на агресивен примитивизам, кој сега, станува и синтетички генериран.
И Ве молам, да немате дилема дека ова е свесна и веќе применета стратегија на идуцирање авотритарна контрола, при што, тролањето на опозицијата и на мислечките субјекти служи како маска за реалното демократско уназадување! Фактите за назадувањето веќе се евидентирани од V-Dem; Freedom House и други референтни извори!
Сега, би сакала, да понудам еден вид на когнитивен отпор против синтетичкиот примитивизам и институционалниот шипостинг.
Прво, мора секој од нас, да се потруди да го заштити својот когнитивен интегритет, бидејќи, слопагандата цели да нè направи цинични и рамнодушни/ Тука сакам да нагласам, кога прифаќаме дека „сите се исти“, ние веќе сме го изгубиле суверенитетот врз сопствениот мозок и ум!
Второ, науката сугерира дека мораме проактивно да ги препознаваме тактиките на манипулација пред тие да нè нападнат. Оттука, нашата одбрана не е во задоцнетите деманти, туку во длабокото разбирање на тоа како работи оваа дигитална машина. Ова е всушност „Пребанкинг“ (Prebunking).
Ми се чини дека, борбата за Македонија, денес, е всушност, борба за правото на стварност и борба за заштита на вистината.
Мислењата и ставовите изнесени во колумните се на авторите и не нужно ги рефлектираат позициите и уредувачката политика на „Трилинг“