Саем на македонска традиционална храна во Скопје: „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“
Националната федерација на фармери (НФФ) денеска организира Саем на македонска традиционална храна под мотото „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“. Настанот ќе се одржи во Скопје City Mall, во периодот од 10:00 до 20:00 часот.
Националната федерација на фармери (НФФ) денеска организира Саем на македонска традиционална храна под мотото „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“. Настанот ќе се одржи во Скопје City Mall, во периодот од 10:00 до 20:00 часот.
Саемот има за цел унапредување на пласманот на традиционалните производи и зајакнување на малите локални производители.
На настанот ќе се претстават 35 мали фармери и рурални производители од различни региони на земјата, кои ќе понудат автентични македонски традиционални производи, подготвени според проверени рецепти и со почит кон локалната традиција и природата. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат домашни производи, директно од производителите.
-Овој саем е можност да ги приближиме малите рурални производители до потрошувачите и да ја истакнеме вредноста на македонските традиционални производи, кои се дел од нашето културно и гастрономско наследство. Преку вакви настани ги зајакнуваме пазарните врски и придонесуваме кон одржлив развој на руралните заедници, вели Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери.
Настанот се реализира со поддршка од Шведска и организацијата We Effect, во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.
Во рамки на саемот, во 10:30 часот, изјави за медиуми ќе дадат претставници на Националната федерација на фармери и оператори за храна, кои ќе зборуваат за значењето на поддршката на малите земјоделци и важноста од зачувување и промоција на македонската традиционална храна.