(ВИДЕО) Во Трилинг со Силјан, Трајковски, Неделковски и Деановски

Во Трилинг гостуваат писателот Раде Силјан, Дејан Трајковски универзитетски професор, Игор Неделковски ректор на УКЛО и Трпе Деановски претседател на УПОЗ.

Брза пруга или Вардарска Долина? Кој да го гради Чебрен и Галиште? Каква е идината на РЕК Битола? Дали и зошто пропаѓа пропагандистички најавениот ветропарк? Ова се дел од прашањата и дилемите на кои одговара универзитетскиот професор Дејан Трајковски.

Дали во демократијава се изгуби гласот на писателите, и зошто?

Дали се движиме во вистинска насока или сме во слеп колосек? Писателот Раде Силјан и за негирањето на македонскиот јазик, идентитет како и за Преспанскиот договор и односите со Бугарија.

Дали има потреба од толкав број на факултети? Зошто Македонија ја нема Шангајската листа? Како да се стави крај на штанцањето магистарски и докториски.трудови? Соговорник во Трилинг ректорот на УКЛО Игор Неделковски

Договор за зголемување на платите или генерален штрајк – што е оверојатно?

„Сите ние живеевме со идеали дека ќе градиме држава на здрави темели, но за жал дојдовме во ситуација да избираме луѓе без никакво искуство на највисоките позииции во политикита“, изјави писателот Раде Силјан, давајќи осврт на минатата и сегашната општествено-политичка состојба во Македонија.

„ Во едноумието за да се вработиш требаше да положожиш приправнички испит, после една година стажитање, па дури потоа вработување.

-Сега ни се случија други процеси. Избиравме премиери, министри, на кои тоа им беше прво работно место, без одредени познавања на национални, економоски, социјални, пололитички, но и на меѓународната политика што во тој период многу значеше.

-Затоа дојдовме до ова дереџе до кои сме дојдени. Грешки се прават и во приватизацијата која беше катастрофална и придонесе илјадници луѓе да останат на улица“, вели Силјан.

„Чебрен не е некаков наш лек за нашите енергетски болки. Чебрен ќе произведе 250 kw часови. Тоа е капка во морето на нашите потреби. Вистинскиотот проект кој нам ни треба е Вардарскара долина, со 12 хидроцентрали“, изјави во „Трилинг“ професорот Дејан Трајковски.

Прашан дали е подобро Чебрен да остане во сопственост на државата и дали имаме капацитет тоа да го финансираме, проф. Трајковски вели дека за било кој енергетски капацитет државата може да се најде кредит со 15% учество.

Дали има потреба од толкав број на факултети? Зошто Македонија ја нема Шангајската листа? Како да се стави крај на штанцањето магистарски и докториски.трудови? Соговорник во Трилинг ректорот на УКЛО Игор Неделковски.

„Владата го слушна гласот на работниците, го слушна гласот на Синдикатот.

-УПОЗ реши да го прифати барањето на Синдикатот за зголемување на платите во администрацијата и правосудството“, вели за „Трилинг“ Трпе Деановски, претседател на УПОЗ.

Целото интервју погледнете го во видеото.