Касами: Во Софија нема со кого да разговараме за уставни измени

На средбата со новинарите во Тетово тој рече дека за „Македонија е важно што ќе се случи по уставните измени, значи не само по себе уставните измени и внесувањето на бугарската заедница во Уставот“.

Претседателот на Беса, Билал Касами, вели дека кога во Бугарија ќе има нови предвремени избори таму „нема со кого да се разговара на тема уставни измени и продолжување на евроинтегративниот процес“.

На средбата со новинарите во Тетово тој рече дека за „Македонија е важно што ќе се случи по уставните измени, значи не само по себе уставните измени и внесувањето на бугарската заедница во Уставот“.

Според него, Владата е посветена на сите обврски преземени во делот на интегрирањето да ги реализира што побргу.

На новинарско прашање дали коалицијата „Вреди“ ќе прерасне во партија како што беше најавувано, Касами со одговор дека тоа е комплексно прашање што бара комплексно решение бидејќи се вклучени повеќе партии и движења.

„Ние сакаме со новиот концепт за организирање на ‘Вреди’ да ги опфатиме сите политички структури, но исто така таа политичка структура да биде отворена и за сите други политички и општествени фактори, кои се заинтересирани да бидат дел од ова политичкото движење. Интензивно секојдневно работиме со креативни решенија да најдеме решение“, рече Касами.