
Ставот на ЕУ за европскиот пат на Македонија е јасен, веќе постои Преговарачка рамка едногласно усвоена од сите земји-членки на ЕУ во 2022 година, и доколку се исполнат обврските во неа, ЕУ е подготвена многу брзо да ги започне преговорите, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас за евроинтегративниот пат на нашата земја.
Според него, ЕУ е подготвена и „не треба да чекаме повеќе, туку да го направиме овој важен чекор напред“.
Како одговор на прашањето дали ЕУ има иницијатива за „повторно отворање на прашањето за дијалогот меѓу Скопјe и Софија“, Рокас одговори дека ЕУ ќе поддржи секоја иницијатива за соработка меѓу двете земји.
„Основата е, пред сè, билатералната посветеност на двете земји. Многу добар пример е Коридорот 8. Минатата есен имавме заедничка церемонија за потпишување на договорот за изградба на тунелот на граничната железница, ова е област од заеднички интерес. Ова треба да биде основата и морам да кажам дека овој важен настан, кој беше поддржан од двајцата вицепремиери (на Македонија и Бугарија), беше поздравен од сите лидери на ЕУ. Ние сме тука да поддржиме секоја иницијатива во иднина“, вели амбасадорот на ЕУ во Македонија во интервју за Тв Канал 5.
Околу тоа дали ЕУ ги разбира ставовите на премиерот Христијан Мицкоски, дека нема да има промени во Уставот доколку не се исполнат два услови – „Македонската заедница во Бугарија ги добива правата загарантирани во меѓународното право и меѓународните конвенции за човекови права“ и „дека од субјективни причини нема да има нови опструкции од никого“, Рокас вели дека го почитува секој став на премиерот на земјата, но „ЕУ има став и тој е сосема јасен“.
„Исто така, треба да бидеме јасни за светот во кој живееме. Бидејќи живееме… во ера на непредвидливост и недостаток на доверба. Кој, и покрај разочарувањата, беше најдоверливиот партнер на оваа земја – ЕУ. И сега е моментот кога ЕУ и Западен Балкан, Европа како целина, мора да имаат заеднички одговор на фундаменталните предизвици со кои се соочуваме – безбедноста, напредокот, ИТ, конкурентноста, сето ова“, одговори Рокас.