Потврдено: Мозоци од Македонија се испраќале во Америка

Документот е насловен како „Збирка за психијатриски мозоци во Македонија: Општи лекции за научна соработка меѓу земјите со различно богатство“, и во него станува збор научна соработка помеѓу американски и македонски институции во областа на невропатологијата и психијатријата.

Поранешниот директор на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“ ги потврди наводите од еднен цитиран текст од фајловите на сексуалниот предатор Џефри Епштајн за тоа дека мозоци од Македонија се успраќале во Америка на научно испитување. Но не дава одговор дали за тоа биле запознати семејствата на починатите.

Според Дума, станува збор за проект што се реализирал во периодот меѓу 1990-те и 2000-те години. Притоа, вели дека не станувало збор за никаков профит зашто мозокот не може да оди на црниот пазар

Кога прифативме, согласност даде и етичкиот комитет на Медицинскиот факултет, вели Дума

„360 степени“ на сајтот на американската Национална библиотека за медицина пронајде документ од Македонската академија на науките и уметностите – оддел за медицина, од јули 2014 година, чии автори се Горазд Росоклија, професор од Универзитетот „Колумбија“, по потекло од Македонија, Алексеј Дума, поранешен директор на Судска медицина, и извесен Ендру Џеј Дворк од Универзитетот „Колумбија“ во САД.

Документот е насловен како „Збирка за психијатриски мозоци во Македонија: Општи лекции за научна соработка меѓу земјите со различно богатство“, и во него станува збор научна соработка помеѓу американски и македонски институции во областа на невропатологијата и психијатријата.

„Има точни правила мозокот кога ќе се извади за колку секунди треба да постигне минус 80 степени и да стигне во лабораторија“, вели Дума.

На прашањето колку мозоци од Македонија биле испратени за научните цели, Дума не можеше да каже бројка, но рече дека сигурно не биле 1.000.

Тој вели дека проектот бил финансиран од Националниот институт за здравје на САД, а го добил Универзитетот „Колумбија“, и тоа по многу строги правила.

„За да бидеме дел од него мораше да ги задоволиме сите критериуми. Кога прифативме, согласност даде и етичкиот комитет на Медицинскиот факултет. Согласноста беше да се продолжи по правилата, без никаков профит и во сето тоа никој од надвор не беше вклучен“, вели Дума.

Тој потврдува дека посредникот помеѓу Универзитетот „Колумбија“ и Институтот бил професорот Горазд Росоклија, а во проектот биле вклучени речиси сите доктори од Институтот, како дел од Медицинскиот факултет во Скопје.

Оваа ситуација нема никаква врска со злопотребата на малолетни девојки од страна на Епштајн и многу други мажи, туку е електронска порака испратена до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин партнерс“ во која се пренесува новинарско истражување на „Блумберг бизнисвик“.